Шоу Биз

ТРАЧ

Девојката на Џорџ Клуни ја мрази Анџелина


Стејси наводно и е љубоморна на Енџи затоа што таа го привлекла целото внимание на доделувањето на Оскарите.
Девојката на холивудскиот актер Џорџ Клуни, Стејси Киблер, според пишувањата на странските медиуми не ја поднесува Анџелина Џоли. Таа наводно е љубоморна затоа што Џоли била во центарот на вниманието на последното доделување на Оскарите.
Стејси се надевала дека таа ќе биде најинтересна на црвениот тепих, но штом Џорџ малку се оддалечил од неа, таа не му била интересна на никој. Ќе наведеме само еден пример, ногата на Анџелина дури има и профил на Твитер со повеќе од 48.000 следбеници.
Списанието „In Touch Weelky“ објави дека Стејси и Клуни ќе имаат дете. Наводно, актерот и предложил да поработат на дете, но и рекол дека не сака да се ожени со неа.