Бред Пит ќе глуми во „Величествениот Султан“
Бред Пит потпиша договор за улога во воени сцени во серијата „Величествениот Султан “. За да настапи во една епизода од најгледаната турска серија која предизвика многу контроверзи, најплатениот холивудски актер ќе добие 2 милиони долари. „Величествениот Султан“ од сабота ќе го гледате на Канал5.

Серијата која го открива живото на Султанот Сулејман Величествениот не престанува да крева прашина зад себе. Откако успеаја да се изборат да не биде прекината, по бројните реакции на побожните Турци па дури и на политичките лидери на државата дека во оваа серија турскиот Султан се прикажува како хедонист повеќе отколку како освојувач, сценаристите смислија нов магнет за гледачите – во Величествениот Султан го донесоа најплатениот холивудски актер Бред Пит.
Се разбира тоа чинеше многу пари, но на оваа серија не се штеди – тоа е најскапата серија снимена во Турција, со извонредни вложувања во автентичноста на сцените од животот на турскиот Султан.
Се разбира тоа чинеше многу пари, но на оваа серија не се штеди – тоа е најскапата серија снимена во Турција, со извонредни вложувања во автентичноста на сцените од животот на турскиот Султан.

Бред Пит потпиша договор да настапи во една епизода од серијата во која ќе глуми во воени сцени, и за тоа наплати цели 2 милиони долари! Сцените во кои ќе глуми Бред Пит ќе бидат снимени следниот месец.
Оваа улога Бред Пит ја прифаќа во последните години од својата актерска кариера – тој има 47, а неодамна најави дека на 50 години ќе престане да снима. Улогите внимателно ги одбира. Серијата која ги урива рекордите на гледаност „ Величествениот Султан“ заслужи во неа да се појави и најпопуларниот холивудски актер.

Канал 5 за Вас ја откупи најдобрата и најквалитетно изработена серија
„Величествениот Султан“. Од сабота, 17 декември, серијата „Величествениот Султан“ можете да ја гледате на Канал 5.
poveke informacii za serijata i videa na www.kanal5.com.mk
ReplyDelete