Возило што се движи на Кока Кола и бонбони
13.12.2011 - 10:06 |
Фриц Гроуб и Стивен Волц тврдат дека поставиле невообичаен рекорд. Нивното возило што како погонско гориво троши Кока Кола Зеро и ментос бомбони, помина 72,8 метри.
Иако оддалеченоста која ја има поминато нивното возило наречено Марк 2 не го прави големо, сепак е остварен напредок во однос на претходното возило Марк 1.За гориво тогаш беа искористени 108 шишиња Кока Кола Зеро и 648 бомбони Mентос.
Меѓутоа, Марк 2 е аеродинамичен и се чини дека е полесен во однос на својот претходник. Овојпат користено е двојно помалку „гориво“. Искористени се 54 шишиња Кока Кола Зеро и 324 Ментос бомбони.
No comments:
Post a Comment