Македонка четврти ден е заглавена на Хаити
Македонката Наташа Стојановска веќе четврти ден е заглавена во Хаити и не и се дозволува да ја напушти земјата и да замине за САД. Аеродромските власти тврдат дека според нивната евиденција, Стојановска веќе ја напуштила земјата. Стојановска инаку е пијанист и на Хаити учествувала на хуманитарен концерт.

Студентката по пијано со македонски пасош Наташа Стојановска, која студира на Универзитетот Саут Бич во Индијана, веќе 4 дена е заглавена во главниот град на Хаити, Порт О Пренс. Откако не успеала да се качи на авион за враќање во САД, Стојановска не може да ја напушти оваа Карипска земја.
На Македонката која на Хаити пристигнала за да учествува на хуманитарен концерт не и било дозволено да се качи на авионот затоа што според евиденцијата на имиграционите власти на Хаити таа веќе била замината за САД.
Вработените во авиокомпанијата Американ Ерлајнс и рекле дека според компјутерските извештаи нејзиното место веќе било пополнето со лице со исто име и презиме и дека таа формално ја искористила својата виза за влез во Америка, а законски немало можност да добие уште една. Канал 5 контактираше со Стојановска во Порт О Пренс.
Наташа за утре има закажан состанок во американската амбасада во Порт о Пренс, а претходно неуспешно се обидувала да контактира со американската агенција за царинска и гранична безбедност во Чикаго, но не успеала да стапи во контакт со овластени лица. Владата на една од најсиромашните земји во овој дел светот,Хаити, не сака да се меша во случајот Стојановска затоа што според нивните закони таа формално не е во земјата.
Според последните информации оттаму Наташа ќе аплицира за нова американска виза од Хаити која допрва ќе биде разгледувана од Американските власти. До нејзиното евентуално одобрување Стојановска ќе биде заглавена во Порт О Пренс.

Веле Тодоровски
No comments:
Post a Comment