Wednesday, December 14, 2011

Perikata na primadonata Tejlor

Периката на Елизабет Тејлор од филмот „Клеопатра“ на аукција

Кога се купуваат половни работи, вообичаено се заштедуваат пари, но кога станува збор за периката што ја носела Елизабет Тејлор во филмскиот хит „Клеопатра“, цената од 10.000 фунти е сосема оправдана.
Една од најпознатите перики во светот ќе оди на аукциска продажба, а се очекува да достигне цена од 10.000 фунти.

Филмот „Клеопатра“ од 1963 година, во тоа време, беше најскапо изработен филм, чиешто снимање за малку ќе доведело до банкрот на компанијата „20th century fox“.

По завршувањето на снимањето, периката која била изработена од природна коса со украси од златна боја му била вратена на британскиот дизајнер Стенли Хал. Тој подоцна му ја дал на еден холивудски шминкер кој ја чувал речиси 30 години.

Маргарет Барет, од аукциската куќа „Херитиџ“ од Тексас изјавила дека периката е во многу добра состојба, како и дека има голем интерес за предметите кои и припаѓале на Тејлор која почина во март годинава.

No comments:

Post a Comment