ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ СУЛТАН
Шехерезад ќе ја засени Хурем во Величествениот?!?
Бергузар Корел се појавува во продолжението на серијата „Величествениот Султан“ во улога на госпоѓата Моника Тереза – убава и негувана европска дама која доаѓа на дворот на Султанот и ги остава жените од харемот во завист од нејзината блескава убавина!
Најпогодена ќе се најде Хурем кога Моника Тереза ќе ја покаже својата убавина пред Величествениот!
Бергузар Корел за оваа улога учи италијански јазик. Се појавува во серијата како добро пресметан потег на сценаристите, токму кога се појавија гласините дека Бергузар, во приватниот живот сопруга на Халид Ергенч, односно Величествениот Султан, станала љубоморна на убавата Хурем во која Султанот е смртно вљубен!
Така Бергузар гордо ќе настапи во хит серијата и уште повеќе ќе ја зголеми гледаноста на историската драма. Како Хурем ќе се справи со својата завист на убавината на Моника Тереза – гледајте во Величествениот Султан само на Канал 5!
No comments:
Post a Comment