ТРАЧ
Анџелина и Бред чекаат близнаци!
- Датум на објавување: Четврток, 02 Февруари 2012 18:06
Често во медиумите изјавуваа дека се надеваат дека ќе го прошират нивното, и онака големо семејство.
Изгледа дека успеаа во тоа, затоа што како што пренесуваат американските медиуми, актерката е бремена и чека близнаци.
Се трудеа тоа да го скријат, но задоволните насмевки на нивните лица, кои биле присутни на секој настан каде оваа двојка се појави, ги издаде.
Американските медиуми на своите насловни страни денеска пренесоа дека Анџелина Џоли и Бред Пит чекаат близнаци.
- Беа пресреќни и им се чинеше неверојатно како Енџи толку брзо затруднела. Рекоа дека тоа покажува дека оваа бременост е судена. Ултразвукот откри дека станува збор за близнаци. Беа во шок, ја пренесуваат изјавата американските медиуми изјавата дадена од нивен близок неименуван пријател.
No comments:
Post a Comment