Ноне вљубена во Миркуловски: До колкот сум му, ама го сакам за маж!

"Страсно навивав за нашите ракометари на Европското првенство во Србија и ги следев сите натпревари со друштво во велешките кафетерии. Ракометарите ме воодушевија, одлично се држеа! Оставаа срце на терен, а особено ме импресионираше Филип Миркуловски. Затоа и на мојот Фејсбук профил напишав дека сакам тој да се ожени со мене и покрај тоа што е дупло повисок од мене. Тоа и сериозно го мислам. Па зарем постои девојка која што е слободна, а не го посакува Миркуловски за свој сопруг? Тој е според мене моментално најпосакуваниот ерген во земјава, и тоа со право, вели познатата велешанка, која што е една од многуте девојки кои што деновиве јавно преку социјалните мрежи му изразуваат љубов на ракометарот на РК Металург.
Освен добрата игра на ракометното првенство, причина за тоа е и неговиот добар изглед, но и љубовниот статус слободен. Исто така, Србинките го сметаа Миркуловски за најсекси во македонскиот тим, и македонски репрезентативец кој би го поканиле на романтичен состанок.
Ноне неодамна ја прекина врската со дечко од нејзиниот град, а со кого што нејзините пријатели наголемо и прогнозираа свадба. Веднаш по прекинот таа ни раскажа дека иако е сингл не се чувствува разочарано, туку напротив, побогата со уште едно искуство енергично започнала потрага по нова љубов. На професионално поле вели дека отсекогаш многу ја ценела работата на пејачот и композитор Роберт Билбилов, па наредната песна која што планирала да ја сними ќе биде негово дело. По кратка пауза од настапите, таа повторно започнала со гостувања по локали низ земјава.
No comments:
Post a Comment