Екипите на зимската служба на Град Скопје синоќа излегоа на терен и го расчистуваа снегот од улиците со 16 возила. За да се спречи појавата на голомразица по коловозите фрлени се вкупно 200 тони индустриска сол на главните градски сообраќајници, мостови, надвозници, подвозници и таканаречените „црни точки“.
Кризниот штаб на зимската служба на Град Скопје и денеска ќе ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.
No comments:
Post a Comment