На 125-годишна возраст почина најстариот жител на Индија
11.12.2011 - 12:48 |
Во индиската сојузна држава Мадија Прадеш вчера почина 125-годишниот Парсарам Гурџар, кој официјално беше највозрасниот жител на Индија.
Гураџар е роден на 10 октомври 1886 година и, според неговите роднини, тој до крајот на животот бил со стабилно здравје и здрав разум. До пензионирањето, пред повеќе од 60 години, Гураџар работел како агроном.Парсарам Гурџар имал пет сина, 14 внуци и тројца правнуци. Од неговите петмина синови жив е само 75-годишниот Моханлал.
Гурџар стана најстар жител на Индија во 2008 година по смртта 129-годишниот Хабиб Миан, кој се до крајот на животот тврдеше дека има девет години повеќе.
No comments:
Post a Comment