Sunday, January 1, 2012

Закани по животот на Халид Ергенч!

ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ СУЛТАН

Протести, негодувања, закани по животот на главниот актер Халит Ергенч! Побожните Турци гневни што Султанот кој владеел 46 години се прикажува во серијата како хедонист и страстен љубител на жени, повеќе отколку како освојувач!
На Канал 5
Како смеело да се прикаже дека Султанот пие алкохол кој е забранет во исламот? Сценаристите покажале непочитување! Дури и премиерот Ердоган реагирал: Серијата покажува непочитување и „стремеж да ја прикаже нашата историја во негативно светло за помладите генерации“.

Сето ова на серијата „Величествениот Султан“ што ќе ја гледате на Канал 5 и донесе вртоглаво висока гледаност и рејтинг.
Султанот е владетел на царство во кое владее моќта и прекрасните жени од харемот! Кој бил Величествениот султан – погледнете во видеото!

Британски Економист објави текст за серијата „Величествениот Султан“ под наслов:
„ТВ серија која ги продлабочи тензиите меѓу секуларните и исламистичките Турци“

„Султанот Сулејман Величествениот, кој го добил својот прекар откако завладеал со Отоманската империја на врвот на својата слава во средината на 16 век, е многу почитуван во Турција. Без оглед што го убил сопствениот син, што не било единственото застрашувачко дело на Султанот! Модерните Турци сакаат да се фалат со неговите армии кои дошле до портите на Виена и да го нарекуваат „Законодавецот“.
Британскиот историчар Џејсон Гудвин пишува дека Сулејман бил „ величествен доволно за да го наполни својот двор со огромен број на џуџиња, статисти, астролози и неми јаничари“ и дека тој владеел толку долго (1520 до 1566),што станал нешто како „Отоманска Кралица Викторија. "

Сулејман во Турција ги спротивстави секуларните Турци со муслиманските конзервативци. Причина за тоа е драмската телевизиска серија преполна со сцени од кралските бањи и харемот, кои ја раскажуваат воената историја на Сулејман и неговите сексуални навики. Побожните Турци беа гневни на сцените на кои Сулејман е прикажан како копнее по неговата најпосакувана кралица и пие пехари со вино! Вицепремиерот на Турција Булент Аринч побара серијата да се стопира.
- Го покажува Султанот во харем, вљубен во пиењето, и во одредени сцени за кои не можам да најдам зборови да ги опишам – изјави Аринч. Халит Ергенч, главниот јунак во серијата кој го глуми Султанот бил затрупан со пораки со омраза и закани по животот!

Силни реакции пристигнале до регулаторното тело за медиумите во Турција од каде до телевизискиот канал на кој се емитувала серијата „Show TV“ било испратено предупредување дека серијата „ е во судир со националните и морални вредности на општеството“.  Дури имаше и протести пред телевизијата во Истанбул, организирани од исламистичка партија, кои извикуваа Алах е голем!
Но, како што еден од авторите на сценариото Морал Окаи изјави „ децата на Султанот не биле зачнати со опрашување...тој имал сексуален живот и семејство“. Сите овие контроверзи околу шоуто ја вивнаа гледаноста на серијата Величествениот султан на рекордни височини!“ пишува Економист.

Еве како изгледаа протестите пред телевизијата на која се прикажува серијата во Турција. Погледнете во видеото.
 И покрај сите критики серијата „преживеа“ и ги урива рекордите на гледаност!

 
Гардијан објави текст со наслов:
„Величествениот Султан“ ги подели турските ТВ гледачи околу животот на Сулејман
Хит серијата базирана на Отоманската империја „Сулејман Величествениот“ испровоцира 70 000 жалби!
Според продуцентите на шоуто се работи за величествени контроверзи!
Серијата за Сулејман Величествениот и Хурем, робинката која станува негова моќна сопруга, во Истанбул е обожувана колку и критикувана. Се работи за најамбициозната серија направена во турската ТВ историја, со врвен декор, костими и визуелни ефекти.



Што се случувало во харемот?
Голем предизвик е да се поседуваат сознанија за тоа што се случило во ерата на Отоманската Империја, особено во однос на жените, вели Лесли Пирс, професор по отомански студии на Њујорк Универзитетот и автор на „Величествениот Харем: Жените и нивниот суверенитет во Отоманската Империја“.
„Во ерата на Отоманската Империја, не било пристојно да се зборува за жените, па многу малку е пишувано за нив. Затоа, никаде немаме податоци кои би гласеле:  Еве како функционирале Харемите“, вели таа. „Овие приказни ги добиваме од Европјаните.
„Постојат многу работи кои не ги знаеме за Харемот и за некои други дејности на конкубините, па продуцентите мораа да измислат достојно сценарио за тој дел“.
Според извештаите на венецијанските дипломати од тоа време, Хурем која во Европа е позната како Рокселана, била „една паметна дама“, вели Пирс.
 „Таа учествувала во политиката, како што тоа било очекувано од мајките на принцовите. Заземала значајна улога во политиката каква што немала ниедна друга жена дотогаш; и претставува пример за кралиците мајки и за султаните кои доаѓаат после неа.“
Постојат сознанија дека РТУК ја забраниле или суспендирале програмата која ја сметаат за навредлива. Но сепак, „Величествениот Султан“ преживеа, па после првичните реакции и модификација на сцените со бакнување, понатаму следеа и други епизоди. Сценаристот Мерал Окаи изјави дека гледачите биле изреволтирани од прикажувањето на внатрешноста на кралскиот суд.
„Ние го тврдиме истото уште од почетокот: Ова е фикција која е инспирирана од историјата“, изјави Окаи за „Ројтерс“ минатиот месец. „Ние, со нашето навлегување во харемот, сите оние недостижни историски ликови ги доведуваме поблиску до нас. Им придаваме материјално постоење како човечки суштества кои поседуваат стравови, лутина и страсти“.
Продукциската куќа, „ТИМС Продакшнс“, велат дека серијата разумно се справила со сите „теми подложни на критики“ и сите обвинувања дека таа погрешно го прикажува отоманското кралство се неправедни. „Со декорот, костумите и визуелните ефекти, „Величествената ера“ е една од најамбициозните серии во турската телевизиска историја“, вели продукцијата Продуцентите исто така тврдат дека пехарите на актерите содржат овошни сокови наместо вино.
Гледајте го „Величествениот Султан“ на Канал5. Саботната вечер го означува доаѓањето на Величествениот Султан меѓу нашите гледачи!

No comments:

Post a Comment