Wednesday, January 18, 2012

Собол:Македонците за победа ни на брата си не би му помогнале!!!

Ако им е потребна победа, Македонците ниту на брата си не би му простиле. Бидете уверени во тоа. Ова го изјави ракометарот на Вардар Про и чешки репрезентативец Јан Собол во пресрет на утрешниот одлучувачки дуел со Македонија.

sobol
Чешката јавност и репрезентативците на оваа земја се дефинитивно уплашени од атмосферата која македонската фаланга ја создава во салата „Чаир“ во Ниш.
Еден од највлијатечните чешки медиуми Иднес.цз пренесува дека на моменти покрај фанатичното навивање, македонските навивачи во делови од мечот покажале и омраза кон Германците.
- Кога на Македонците им е потребна победа гледаат на сите можни начини да стигнат до триумф. Моментално во Македонија има националната ракометна еуфорија, вели Собол.
Тој Македонија ја опишува како класичен балкански тим, кој кога има поддршка од трибините дава 130 проценти од своите можности.

No comments:

Post a Comment