Tuesday, January 31, 2012

Жените во Саудиска Арабија ќе можат да одат на фудбалски натпревари

31.01.2012 17:32



Жените во Саудиска Арабија ќе можат да одат на фудбалски натпревари
Саудиска Арабија наскоро ќе дозволи и жените да присуствуваат на фудбалски натпревари, објави државниот весник „Ал Шарк“.
Според весникот, Владата ја разгледува можноста да дозволи жени да присуствуваат на натпреварите на новиот стадиот, кој ќе биде завршен до 2014 година во градот Џеда на западниот брег на Црвеното Море.

Досега на жените во Саудиска Арабија им беше забрането да присуствуваат на натпревари во согласност со строгата политика на забрана на мешање на половите, но новиот стадион ќе има „семејни ложи“ со приватни кабини и балкони за жени, наведува весникот.

Овој чекор беше поздравен од голем број луѓе, но активстите за женски права и натаму бараат поголеми реформи и промени во оваа ултраконзервативна земја, каде жените дури минатата година добија дозвола да учествуваат нa локалните избори.

Меѓународните и локални групи за заштита на човековите права во регионот бараа од Саудиска Арабија да им даде поголеми права на жените во земјата, но Владата наместо навестување промени, неодамна почна да зборува за прашањето на жените. 

No comments:

Post a Comment