Sunday, January 8, 2012

Бијонсе конечно се породи – роди девојче

Бијонсе конечно се породи – роди девојче

За нејзината бременост многу се зборуваше, но сега и официјално, Бијонсе и Џеј Зи станаа родители.
Бијонсе доцна синоќа родила девојче во болница во Њујорк, а бебето на свет дошло со царски рез, пренесува E!News.

Новопечените родители веќе одбрале и име за првата принова. Џеј Зи им се пофалил на пријателите дека ќерката ќе се вика Блу Иви Картер. Нивните познати пријатели веќе им честитале за ќеркичката.

Ријана на нејзиниот Твитер профил напишала „добредојде на свет принцеза картер. Те сака тетa Ријана!.

Славната двојка тајно се венчаше во 2008 година по шестгодишната врска, а Бијонсе често изјавуваше дека прво сака да ја изгради кариерата, па потоа да му се посвети на семејниот живот. По 15 – годишна кариера, Бијонсе стана мајка на 30 години.

No comments:

Post a Comment