Tuesday, January 31, 2012

Во Европа 48 лица починале од студ

Минус 29 степени очекуваат жителите на Полска, а и во другите делови на Европа се очекува температурата да падне повеќе под нулата.

lad500
Во последните неколку дена од хипотермија во Украина умреле 30 лица, во Полска 15, во Романија 2, во Москва едно, а Атина стравува за илјадници бездомници кои немаат каде да се сокријат од студот кој наскоро ги очекува.
Невладините организации проценуваат дека во Атина има околу 20.000 бездомници, односно од 2009-та година бројката се зголемила за 25 отсто. Овие денови волонтери им делат кебиња и вреќи за спиење, а воедно им објаснуваат каде се наоѓаат домовите за бездомници во кои ќе можат да се згреат, пренесува АПТН.
Ниските температури и обилен снег во Истанбул направија хаос на улиците. Жителите на најголемиот турски град ваков лад не паметат 30 години наназад, кога термомерите се спуштиле на десет Целзјусови степени.
Аеродромот „Алатурк“ откажа 180 летови. Истанбулскиот кризен центар е на највисоко ниво на подготвеност.

No comments:

Post a Comment