Wednesday, January 18, 2012

Бред Пит сака да сними добар филм како вино!!!

Бред Пит сака да снима филмови како добро вино

Актерот од „Манибол“ верува дека не е битно дали филмот ќе ги добие главните награди кога ќе почне да се прикажува, туку дека клучот за еден добар проект е оној што добро старее и што ќе го издржи тестот на времето.
Тој изјави: „Филмаџиството подразбира долговечност. Дали е квалитетен филмот? Добра приказната? Дали има нешто оригинално? Она што најмногу ни недостига е доза мачнотија, како во ‘Дрвото на животот’“.
„Тежнеењето кон нешто такво – сметам дека има тивка победа во дозата мачнотија, која го надминува значењето на податокот кој филм ја освоил наградата за најдобар на годината. Филмовите во кои уживав додека ги снимав како ‘Џеси Џејмс’ и ‘Дрвото на животот’, тие се ‘добро вино-филмови’“, вели Пит.
Бред не сака да презема ризици кога е во прашање кариерата, туку смета дека играл „паметно“ при изборот на филмските проекти.
„Помислувам на, да речеме Кери Грант, чија кариера речиси цело време беше сочинета од слични улоги, и секогаш уживам кога ги гледам неговите филмови, но тоа не сум јас. Јас избирав паметно, не ризично“, вели тој.

No comments:

Post a Comment