Вторник, 17 Јануари 2012 23:12
Осумнаесет годишната Ангела Симоновска, ќе им прави друштво на останатите 120 пријавени кандидати од посилниот пол и за големит празник Водици ќе скока по осветениот крст во водите на Вардар. Според МПЦ, досега не се памети дека женско учествувало во трката по крстот.

Фото: Канал 9
Ангела е матурант во средното угостителско училиште во Скопје и е активен спортист.
- Пет години тренирав одбојка, а редовно одам на пливање. Знам дека се пријавивме во последен миг, што се вели, но јас цела недела го молев татко ми да ги донесе купоните, а тој забораваше. Но битно е дека сме пријавени и едвај чекам да дојде 19-ти за да се фрлам по крстот. Воопшто не ми е страв ниту од ладната вода ниту, пак, од болести, вели Ангела за Канал 9.
Најголема поддршка на Ангела ќе и биде нејзиниот татко Кире Симоноски, кој исто така, ќе влезе во водите на Вардар.
-Сакам да бидам единствена во тоа што го правам, но сакам да имам и среќа, благослов и бериќет цела година, вели Ангела која рамо до рамо ќе се бори со момците за да го фати крстот.
No comments:
Post a Comment