Thursday, January 19, 2012

Фото доказ:Кире постигна чист гол!!!

Топката дефинитивно се наоѓа зад гол линијата. Тоа го покажува и последната фотографија која ја направи Курир со цел да се утврди дали последниот шут на Кире Лазаров со кој Македонија ќе стигнеше до реми против Германија е регуларен гол.

gol-lazarov500
На фотографијата може да се забележи дека по ударот во пречката топката се одбива зад грбот на германскиот голман и гол линијата, по што излегува надвор.
Судиите од Исланд, посебно оној кој стоеше позади голот не го виде тоа, по што македонската ракометна делегација поднесе жалба во која се наведува дека постои материјална повреда на правилата во дуелот со Германија и се бара прегледување на снимката од последниот удар на Кире Лазаров.
Останува ЕХФ да се изјасни, но координаторот на на македонската ракометна репрезентација Драган Начевски вчера изјави дека мали се шансите ЕХФ да ја прифати жалбата. 

No comments:

Post a Comment