Сулејман Величествениот
Сулејман I | |
![]() | |
Султан на Отоманската империја | |
Роден | 6 ноември 1494[1] Трабзон, Отоманската империја |
---|---|
Починал | 5 септември 1566 Сигетвар Унгарија |
Во време на неговото владеење, Отоманската империја станала најголема светска сила. И покрај тоа што империјата продолжила да ги шири своите територии по неговата смрт, сепак се смета дека по неговата смрт империјата започнала постепено да се распаѓа.
Воени успеси Сулејман I е еден од најуспешните султани на Отоманската империја. Во западните земји е познат како Величенствениот[2] а во источните како Законодавецот. На султанскиот трон се качил во 1520 година и владеел до 1566 година. Ги освоил најсветите муслимански градови Мека, Медина, Ерусалим, Дамаск и Багдад. Во август 1521 година била освоена речиси цела Србија. Во 1522 година бил заземен Родос. На 29 август 1526 година започнала Мохачката битка. Отоманците ги поразиле сојузничките христијански сили предводени од Лајош II. Победата сепак не им дала голема сигурност на Османлиите. Битката го означил крајот на Кралство Унгарија. Од 1541 година Сулејман го контролирал поголемиот дел до денешна Унгарија, како и Трансилванија, Влахија и Молдавија кои станале вазалства на султанот.
Сулејман водел три воени кампањи против Сафавидската империја во Персија и Ирак. Во 1534 година бил заземен градот Багдад. Вториот поход (1548-1549) резултурал со заземање на Табриз и Азербејџан, провинцијата Ван и делови од денешна Грузија. Третиот поход се случил во 1555 година, кој завршил со договорот од Амасија, според кој биле признаени границите на Отоманската империја. Во текот на неговото владеење биле спроведени воени походи во Северна Африка во кој биле заземани Тунис, Алжир и Триполитанија. Во овој период, Отоманската империја станала доминантна во Средоземно Море.
Отоманската морнарица исто така обезбедила контрола и над Црвено Море и Персискиот залив во 1554 година, кога нивните сили биле поразени од страна на Португалија. По ова следувал поразот во битката кај Аден во 1548 година. Во 1533 година, Хајредин Барбароса спровел воен поход против Хабсбуршка Шпанија.
Во 1535 година, Светиот Римски император Карло V издвојувал значајна победа над Османлиите во Тунис, но во следната година бил склучен сојуз помеѓу Франсоа I и Сулејман I. Во 1538 година, флотата на Карло V била поразена во битката кај Превеза, со која победа се обезбедил источниот дел од Медитеранот, кој под отоманска власт останал во следните 33 години.
Во 1541 година бил опсаднат градот Будим. Опсадата резултирала со заземање на градот Будим. По оваа победа, Османлиската империја воспоставила контрола над централна Унгарија. Битката е дел од т.н. Мала војна во Унгарија. Победата претставува една од најзначајните на Османлиите против Фердинанд I, најмногу поради тоа што градот во следните 150 години бил под нивна контрола[3].
Една од најнеуспешните војни и битки на Сулејман I е опсадата на Виена во 1529 година. Опсадата претставува крајна точка на османлиската инвазија во Европа, бидејќи по битката бил ставен крај на османлиското проширување во Европа, иако во 1683 година имал уште еден обид за зазимање на градот.
Во последните дваесет години бил под влијание на неговата омилена Рокселана, која успеала да стане законска жена на султанот, нешто што не можела да постигне ниту една од наложниците на изминатите два века. Започнувајќи кампања во Унгарија, Сулејман не доживеал да победи. Неговата смрт била скриена и раководењето со империјата продолжило без султанот, но во негово име, додека да дојде на престолот неговиот син од Роксолана – Селим II, со кој започнала ерата на падот на империјата.
No comments:
Post a Comment