Величествениот султан
18.12.2011
Вечерта кога руската робинка Александра треба да стане дел од жените на Султанот, таа се соочува со неочекуван пресврт на настаните. Имено, главната жена на Султан Сулејман, Махидевран Султан, пристигнува во Топкапи палатата. Несудената ноќ со Султанот е доволна причина девојките од харемот злобно да си поиграат со натажената, но дрска и горда Александра.
Од политички аспект, Османлиската империја се соочува со низа проблеми Унгарскиот крал Лајош со месеци одбива да го отплаќа договорениот данок. Поради тоа, Султан Сулејман одлчучува да испрати амбасадор во палатата во Будим со цел да го предупреди кралот.
На втората вечер, додека девојките се забавуваат во харемот, Александра конечно се забавува со Султан Сулејман.
Изберете број на епизода чија содржина сакате да погледнете
* * *
Султанот Сулејман го освојува светот, но скапо плаќа за неговите силни чувства кон Хурем, со животот на неговиот најдобар пријател и смртната опасност која им се заканува на неговите синови. Хурем паѓа во канџите на безмилосната и крвничка игра за моќ и превласт. Во стремежот кон победа, се е дозволено... Серијата „Величествениот Султан“ е најскапата продукција до сега во Турција. Снимена е во Истанбул, Едрене и Мармарис. Во улогата на Султанот настапува добро познатиот на македонската публика Халид Ергенч.
No comments:
Post a Comment