Thursday, December 15, 2011

;(

Руски бизнисмен татко на ќерката на Клаудија Шифер?



Шифер се нашла во прилично незгодна ситуација. Имено, рускиот бизнисмен Александара Гаврилов изјавил дека со Клаудија уживал четири страсни ноќи по една средба во Москва.
Тој додал дека манекенката ја запознал преку Интернет. Дека бизнисменот мисли сериозно, докажува и фактот дека предал документи за утврдување на татковство во рускиот суд.

Тој тврди дека малечката Козима Вајолет, родена во мај 2010. година е всушност негова ќерка. „Би сакал да учествувам во воспитувањето на девојчето“ - изјавил Александер. Бидејќи манекенката веќе со години е во брак со реѓисерот Метју Вон, не зачудува што нивниот портпарол се' демантирал, нарекувајќи ги гласиштата целосно лажни. Слична ситуација веќе му се случила и на нејзиниот сопруг. Имено, медиумите со месеци тврдеа дека токму тој е татко на детето на Џенуари Џонс, со која и деловно соработуваше.

No comments:

Post a Comment