Во неделата на 11-ти декември, најтиражниот магазин „Hello“ за прв пат оваа година ја доделил наградата „Личност на годината во Србија“. Со оваа титула се закитила македонската пејачка Калиопи што е уште едно големо регионално признание.

Свечениот прием се одржал на Кралскиот Бел Двор во Белград, каде домаќини биле кралски височества престолонаследникот Александар Караѓорѓевиќ и принцезата Катарина, а наградите им биле врачени на звезди од музичката, филмската, спортската и модната сцена кои со своето дело, кариера и јавни настапи ја одбележале минатата година во Србија.

Титулата “Личност на годината во Србија” и статуетките кои за оваа пригода ги дизајнирал светски познатиот дизајнер Карим Рашид кои ги добија 24-ри личности кои што читателите на магазинот „Hello!“ и посетителите на порталот hellomagazine.rs ги изгласале. Меѓу останатите добитници на оваа награда се принцезата Катарина, Новак Џоковиќ, Бата Живоиновиќ, Лепа Брена, Северина Вучковиќ, Драган Бјелогрлиќ, Хари Варешановиќ, Жељко Митровиќ, Драган Костиќ и други.

На свечениот прием на Кралскиот двор присуствувале многубројни личности од културниот и јавниот живот на Србија и регионот, а во улога на водители прв пат заедно биле брачниот пар, актерот Бранислав Лечиќ и водителката Нина Радуловиќ-Лечиќ.