Египет ќе забрани бикини на плажите и пиење алкохол?
Дали Египет ќе биде една од дестинациите на странските туристи следната година, ќе зависи од одлуката на новите власти во Каиро, најверојатно исламистичкото движење Муслиманско братство, кое има шанси и во вториот круг од парламентарните избори да ја потврди својата предност.

Нивната намера е египетските плажи во Шарм ел Шеик и Хургада да ги претворат во пристојни одморалишта каде туристите нема да можат да шетаат по бикини, да се капат на мешовити плажи и да се излежуваат покрај базените со алкохолни пијалоци.
Нивниот став е дека странците кога доаѓаат во Египет не мора да пијат алкохол, бидејќи тоа го имаат и дома, туку да уживаат во древната цивилизација.
Доколку ова се оствари според домашните и странските стручњаци, тоа ќе биде погубно за економијата на земјата. /В.Т.

No comments:
Post a Comment