Се продава куќата на Брус Вилис |
![]() Ѕвездата на акционите филмови Брус Вилис, ја продава својата рустикално уредена куќа за $15 милиони долари. Ја купи по разводот со бившата сопруга Деми Мур. Куќата има 2 ката, 6 спални соби, 7 бањи и се наоѓа покрај езерото Flying Heart. Во близина има ски терени, патеки за пешачење и возење велосипед. За оние што сакаат да останат дома за врвно уживање ќе се погрижи огромниот базен со слапови, тобогани и вртлози. Според агентката за недвижнини Џанин Беар, Вилис ја продава куќата затоа што нема можност да поминува повеќе време во неа. Освен куќата го продава и ресторанот The Mint во близина на куќата за $5.9 милиони долари. Инаку Брус го очекува четвртото дете, прво со сопругата Ема Хеминг, со која се венча во 2009 година. Изгледа дека Bruce е подготвен за нов почеток! ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
No comments:
Post a Comment