Thursday, December 15, 2011

Eve uste sto doznavme novo za Elizabeth Teylor

„Ла Пелегрина“ на Елизабет Тејлор продаден за 11,8 милиони долари



Легендарниот „Страствен бисер“ или „Ла Пелегрина“ што ја имаше американската актерка Елизабет Тејлор, беше продадена на аукција на Кристис за 11,8 милиони долари.

Скапоцениот камен од 55 карати е еден од најпознатите бисери во светот. Изваден бил во Панамскиот Залив од африкански роб во средината на 16 век.

Актерот Ричард Бартон, еден од седумте сопрузи на Елизабет Тејлор, го купува на аукција во 1969 година за 37.000 долари и го подарува на сопругата за Свети Валентин.

Бисерот беше со почетна цена од два милиони долара. За 134 илјади долари беше продаден и друг подарок од бартон - три дијамантски прстени.

No comments:

Post a Comment