Четврток, 19 Јануари 2012 12:10
Дваесет и деветгодишниот Бојан Максимоски Бамбала беше најсреќен од тројцата кои денеска се фрлија по крстот во базенот на соборната црква „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово. Сите тројца доѓаат од населбата под основното училиште „Андреа Савески Кикиш“ што е организатор на овогодинешното фрлање на крстот по повод верскиот празник Водици. Од страна на митрополитот полошко кумановски г. Кирил, Максимоски доби златно синџирче како и телевизор од спонзорите.

Митрополитот г. Кирил чиноначалствуваше со водосветот и светата божествена литургија на која присуствуваа повеќе илјади верници меѓу кои беа министерот за здравство Никола Тодоров и пратеничката во македонското собрание Светлана Карапетрова.
Празникот Водици се одбележува и низ повеќе други населени места во Тетовско при што се осветуваат црковните базени и водите во реките.
No comments:
Post a Comment