Thursday, January 19, 2012

Кратовчанец го фати крстот во реката Вардар!!!

Кратовчанец Даниел Дончевски е среќникот кој денес на мостот во близина на хотелот Холидеј Ин го фати светиот крст во водите на реката Вардар.

krstot-500
Во рацете на Дончевски светиот крст е по втор пат. По него скока петти пат, а за прв пат крстот го фатил во 2007-та година.
Точно на пладне во светите води на Вардар, по крстот што го фрли поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан, скокнаа 127 верници, меѓу кои и една девојка.
Најстариот капач кој се фрли во Вардар во крстот е 70 годишниот Ѓорги, додека најмладиот капач е скопјанецот Антонио кој за прв пат се обиде да го фати крстот.
krst2-500
На положувањето на светиот крст во Скопје присуствуваа премиерот Никола Груевски, градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков.
krst1-500
Среќниот Даниел од градоначалникот на општина Центар доби икона, од Град Скопје Скопје, а премиерот Груевски му подари лап-топ компјутер.

No comments:

Post a Comment