Wednesday, January 18, 2012

Мојсоски:Со последниот атом од силата -до победата!!!

Заменик капитенот на македонската ракометна репрезентација, Наумче Мојсоски вели дека момците се силно мотивирани пред утрешниот одлучувачки натпревар со Чешка.

naumce.jpg500
-Можам да ви кажам дека максимално се подготвуваме, за сами да одлучиме во последниот натпревар со Чешка каква ќе ни биде судбината. Повторно ќе ви посочам, играме во група каде што секој може да победи и ние се надеваме на успех против Чесите. Атмосферата во репрезентацијата е на високо ниво и силно сме мотивирани да им докажеме на нашите Македонци во Македонија и на оваа 4000 публика во Арената „Чаир“ дека сеуште можеме и сеуште имаме што да покажеме, изјави Мојсоски за Спорт Арена.
Според Мојсоски, утре момците ќе дадат се од себе за чекор понатаму, кој ќе значи многу за Македонија.
-Имаме искусни играчи, кои имаат капацитет да не паднат морално после онаков трагичен натпревар со репрезентацијата на Германија, каде што можам слободно да кажам и немавме спортска среќа. Многу од топките кои ги одбрани одличниот голман Ангелов завршија во рацете на корпулентните и брзи Германци, а ние тоа не смеевме да го дозволиме. Сега ни останува добро да се одмориме и утре да го дадеме и последниот атом од својата сила за чекор понатака. Очекувам преполната сала да ни ја даде очекуваната поддршка, а ние да им возвратиме со пласман во втората рунда, вели за Спорт Арена, Мојсоски.

No comments:

Post a Comment