Шоу бизнис и трач
| Николина Пишек стана актерка |
Хрватската водителка дебитира како актерка, и тоа во комедија која се снима во Белград. Сексипилната Николина Пишек, водителката на "Операција...... Триумф" добила понуда да глуми ви српската серија, пишуваат медиумите. "Се работи за интересен проект, комедија, и ми се чини дека екипата која стои зад работата на серијата е извонредна", изјавила Пишек. Се уште не е познатo за која серија станува збор, но ова ќе биде прв пат Николина да се проба во актерските води. Загрепската убавица, која е во врска со рекордерот Кристијан Цуравиќ, се уште не размислува за мажење и свадба. "Кристијан и јас заедно поминуваме многу малку време поради заедничките обврски, но тоа време што ни останува, го поминуваме квалитетно. Бракот е само лист хартија", изјави водителката, која наскоро ќе замине на одмор со ќерката Хана (12), а потоа на друг одмор - со својот дечко. |
Хрватската водителка дебитира како актерка, и тоа во комедија која се снима во Белград. Сексипилната Николина Пишек, водителката на "Операција...
No comments:
Post a Comment