Wednesday, January 18, 2012

Истражувачите на паранормални појави го проучуваа видеото на кое може да се забележи  фигура на дух кој потсетува на трагично починатата британска принцеза Дајана. Оваа фигура е забележана крај витражните прозорци на црквата.

duh-dajana500
Видео снимката ја направиле туристи од Кина, кои не го забележале ликот на Дајана се додека не се вратиле дома да го погледнат материјалот.
Писателот на паранормални феномени Мајкл Коен, до кого е испратена снимката, кажа дека тоа е еден од најјасните „паранормални прикази“ кој досега ги имал видено.
-Моментално јас и други истражувачи го проучуваме видеото за да бидеме сигурни дека навистина се работи за дух. Можеби се работи за бизарна оптичка илузија, а можеби е во прашање дух и тоа на принцезата Дајана. Духовите често се појавуваат на местата поврзани со нивните животи и семејството. Духовите понекогаш се појавуваат за да предупредат некои поединци, групи, па дури и народи од можна опасност, објасни Коен.

No comments:

Post a Comment