Monday, February 6, 2012

Американската продуцентска куќа „ Arrowstorm Entertainment “ објави дека потребни и се уште 15.000 долари за да го заврши играниот филм за зомбито Осама Бин Ладен, кој станува од длабочините на Индискиот океан, каде што е фрлен по неговата смрт, за уште еднаш да изврши терористички напад врз американските подморници кои се борат за праведниот свет.

Ozombie-500
Авторите на „Озомбија“ кажуваат дека овој независен филм е веќе снимен, но потребни се додатни средства за звукот и музиката.
Со насловот на филмот „Бин Ладен ќе умре. Повторно“, се најавува дека се работи за едно култно остварување.
Во приказната станува збор за Дасти, инструкторка по јога од Колорадо, која е на очајничка мисија за спасување на нејзиниот брат Дерек, кој верува дека Бин Ладен е сеуште жив и покрај тоа што американските морнарици по неговото убиство го фрлија неговото тело во море.
Во Авганистан, Дасти се приклучува на специјалната единица за тајни задачи на НАТО. Се докажува дека Дерек не е луд, одосно Бин Ладен навистина се враќа од гробот и прави армија на зомби терористи. Дасти и НАТО единиците мораат да го најдат и да го уништат изворот на зараза пред да се рашири низ целата планета.

No comments:

Post a Comment