Wednesday, February 1, 2012

На која виолина е свирено додека тонеше „Титаник“


На која виолина е свирено додека тонеше „Титаник“
Аукциската куќа Хенри Олдриџ енд санд оф дивајзес ангажираше експерти да ја проучат познатата виолина за да ја докажат автентичноста на инструментот на Валас Хартли, кој заедно со својот бенд свирел додека тонел познатиот број „Титаник“. Доколку се докаже дека тоа е виолината на Хартли, инструментот ќе биде највредниот предмет од познатиот брод кој потона во 1912 година, а кој некогаш бил понуден на аукција, објави „Телеграф“.
Хардли и неговиот бенд продолжиле да свират и откако, дотогаш најголемиот брод на светот, удри во санта мраз, а кога било пронајдено телото на Хартли новинските извештаи тврдат дека виолинанта му била врзана на градите. Славниот бенд, наводно додека бродот тонел ја свирел познатата химна „Neare my God to Thee“.

Аукциската куќа Хенри Олдриџ санд оф дивајзес е најпозната по тоа што се занимава со продажба на предмети од „Титаник“. Сопственикот на аукциската куќа тврди дека виолината била испратена на вереницата на Хартли, Марија Робертсон.

На виолината се втиснати иницијалите WHH и посвета на неговата вереница, што е можеби и причината зошто Валас умрел држејќи ја виолината на срцето.

No comments:

Post a Comment