Среда, 01 Февруари 2012 16:37
Како што пренесуваат повеќе медиуми, ВМРО-НП се распаѓа како партија, бидејќи целото нејзино членство се враќа во матичната партија ВМРО-ДПМНЕ.

Висок извор од партијата за новинската агенција додава дека партијата е преполовена и во изминативе неколку месеци членството на Народна масовно поминува во ВМРО-ДПМНЕ и дека нивната одлука е логична последица на волјата на членовите.
-Она што остана од ВМРО-Народна партија се враќа во ДПМНЕ. Причините за незадоволството и мотивот за враќањето кон ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат соодветно образложени, ќе има и скандалозни моменти. Георгиевски остана сам, опкружен со неколку члена на неговиот личен кабинет. Неговата кариера е завршена, вели изворот.
Според истиот извор овој чин на преминување во ВМРО-ДПМНЕ, покрај ИК и ЦК го подржуваат и ветераните, жените и младите на партијата, како и огромното мнозинство на членови и претседателите на Општинските комитети.
Со ваквата одлука на членството, Љубчо ќе остане сам без партијата на чие чело сега сакаше да се врати.
По повод овие случувања, претседателот на ВМРО-НП Марјан Додовски најави прес-конференција во „Холидеј Ин“ со почеток од 13 часот.
No comments:
Post a Comment