Monday, February 6, 2012

Една од најубавите наши пејачки Каролина Гочева, повторно е заљубена. Овој пат избраникот на нејзиното срце е од нашето соседство, гркот по име Нико, кој живее во Битола, каде што има фабрика за текстил.

karolina-500
Каролина и Нико се веќе четири месеци во врска, а се запознале во едно кафулињата на Широк сокак.
Во последно време пеjачката, многу време поминува во својот роден град, благодарение на нејзината деветмесечна внука Луција, но и на момчето кое , како што вели Каролина го освоило нејзиното срце.
„Многу ни е убаво кога сме заедно во Битола, со Нико сум веќе четири месеци“, вели Каролина, несакајќи да открива повеќе детали за својата ромасна.
Кон крајот на минатото лето таа ја раскина својата долгогодишна врска со бизнисменот Јован Пановски, со кој требаше да застане и пред олтар.
Но, од свадбените ѕвона немаше ни трага ни глас, па затоа нашата Каролина, изјави дека не е никаква трагедија ако не се омажи.
„Не постои идеално време за брак. Ако се случи-се случи, а ако не ништо страшно. Сега се модерни времиња и би сакла да имам дете,а сопругот не е задолжителен“, рече по раскинувањето Гочева.

No comments:

Post a Comment