Wednesday, March 7, 2012

K9 Вест на денот
Сподели61
Споделете ја веста со Вашите пријатели

Некогашните членови на групата „Ластовица“, Владо Јаневски  и Роберт Саздов и пејачот Џина Папас Џокси, според електронското издание на босанскиот „Дневни Аваз“ се најблиското семејство на Осама Бин Ладен.

g_dnevniavaz-greska500
Фотографија од овие тројца Македонски мускетари, осамна под веста дека Пакистан му дозволи на семејството на Осама Бин Ладен да ја напушти земјата, што ја објави електронското издание на босанскиот „Дневни Аваз“.
Кога ќе кликнте на веста се појавува друга слика, но сепак на насловната страна се Јаневски, Саздов и Џокси.

Фотографија од овие тројца Македонски мускетари, осамна под веста дека Пакистан му дозволи на семејството на Осама Бин Ладен да ја напушти земјата, што ја објави електронското издание на босанскиот „Дневни Аваз“.
Кога ќе кликнте на веста се појавува друга слика, но сепак на насловната страна се Јаневски, Саздов и Џокси.

Драги мои Канал 9 повторно оживеја нема веќе пауза повторно на акција

Блогот Канал 9 после едно месечната пауза повторно се враќа на информативната сцена.Оовј блог е интернет сајт,онлајн весник,интернет телевизија.Само вие продожете да не следите и ќе бидете изненадени од нашата професионалност во позитивен карактер на зборот.

Thursday, February 16, 2012

К9 дознава дека професор од средното училиште „Кочо Рацин“ денес физички нападнал ученик од четврта година.

napad
Како што дознаваме околу 15 часот за време на одморот поголем број на ученици кои биле излезени во училишниот двор почнале да играат со снегот.
Во еден момент, професорот по физичко образование, се нафрлил кон еден ученик од втора година. Неговиот братучед кој е четврта година средно во истото училиште пришол со намера да го одбрани помалиот роднина.
Во тој момент професорот го удрил ученикот и почнал да го дави, велејќи му да не го види повеќе во училиштето.
Според информациите до кои дојде К9, од рацете на професорот, ученикот го спасиле неколку другари, по што професорот заминал.
Директорот на училиштето Величе Цветановски со кого К9 стапи во контакт потврдува дека во училиштето за време на одморот имало снежна игра меѓу учениците, но негира дека дошло до било каков инцидент.
-Не се случи ништо за што би требало да се придава значење. Јас разговарав со учениците, но и со обезбедувањето во училиштето. Учениците играле со снежни топки, а професорот излегол да ги опомени, обидувајќи се да го наметне својот авторитет како професор, изјавува Цветановски за 9.
Наспроти ова, според нашите сознанија, кај ученикот од страна на лекари биле констатирани видливи повреди во пределот на лицето и вратот.
ДОПОЛНЕТО:
Од МВР информираат дека случајот е пријавен во полиција, а полициската станица Ѓорче Петров превзема мерки за негово целосно расчистување.

Monday, February 6, 2012

Американската продуцентска куќа „ Arrowstorm Entertainment “ објави дека потребни и се уште 15.000 долари за да го заврши играниот филм за зомбито Осама Бин Ладен, кој станува од длабочините на Индискиот океан, каде што е фрлен по неговата смрт, за уште еднаш да изврши терористички напад врз американските подморници кои се борат за праведниот свет.

Ozombie-500
Авторите на „Озомбија“ кажуваат дека овој независен филм е веќе снимен, но потребни се додатни средства за звукот и музиката.
Со насловот на филмот „Бин Ладен ќе умре. Повторно“, се најавува дека се работи за едно култно остварување.
Во приказната станува збор за Дасти, инструкторка по јога од Колорадо, која е на очајничка мисија за спасување на нејзиниот брат Дерек, кој верува дека Бин Ладен е сеуште жив и покрај тоа што американските морнарици по неговото убиство го фрлија неговото тело во море.
Во Авганистан, Дасти се приклучува на специјалната единица за тајни задачи на НАТО. Се докажува дека Дерек не е луд, одосно Бин Ладен навистина се враќа од гробот и прави армија на зомби терористи. Дасти и НАТО единиците мораат да го најдат и да го уништат изворот на зараза пред да се рашири низ целата планета.

Еден седумдесет и четири годишен пензионер од Тајван, ја голтнал забната протеза и починал додека имал секс со проститутка.

image.php-240
Како што пренесува лондонскиот „Телеграф“, пензионерот идентификуван само како Чен, колабирал после 30 минутниот секс со 62 годишна проститутка.
Несреќниот старец веднаш бил пренесен во болница каде што е констатирана смрт.
За време на обдукцијата лекарите ја нашле неговата забна протеза заглавена во грлото.
„Падна на креветот. Очите му беа отворени, но не се помрднуваше иако го тресев и се обидував да го освестам“, вели проститутката.
Проституцијата е забранета во Тајван, а проститутките но не и нивните клиенти, плаќаат казни во висина и до 700 евра.
toni-sol
Екипите на зимската служба на Град Скопје  синоќа излегоа на терен и го расчистуваа снегот од  улиците со 16 возила. За да се спречи појавата на голомразица по коловозите фрлени се вкупно 200 тони индустриска сол на главните градски сообраќајници, мостови, надвозници, подвозници и таканаречените „црни точки“.
Кризниот штаб на зимската служба на Град Скопје и денеска ќе ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.

Заради ниските температури, наставата во сите осум основни училишта на територијата на општина Кисела Вода ќе бидат со скратени часови.

skrateni-casovi240
Од денес па се до петок, часовите ќе започнува во 09:00 часот.
Училишните часови ќе се држат според постоечкиот распоред на часови, но ќе бидат скратени за 10 минути, односно еден час ќе трае 30 минути.
Наставата за учениците кои посетуваат настава со продолжен престој ќе се организира во договор со родителите.

Општина Карпош ги повикува граѓаните кои живеат во индивидуални станбени објекти, куќи, веднаш да ги отстранат возилата од сите станбени и сервисни улици и да ги паркираат во дворовите.

ulica-ski-staza500
Ова е неопходно со цел службите и возилата кои работат на расчистување на снегот од коловозите да можат непречено да работат и да чистат снег за да ги оспособат улиците за сообраќај.

Една од најубавите наши пејачки Каролина Гочева, повторно е заљубена. Овој пат избраникот на нејзиното срце е од нашето соседство, гркот по име Нико, кој живее во Битола, каде што има фабрика за текстил.

karolina-500
Каролина и Нико се веќе четири месеци во врска, а се запознале во едно кафулињата на Широк сокак.
Во последно време пеjачката, многу време поминува во својот роден град, благодарение на нејзината деветмесечна внука Луција, но и на момчето кое , како што вели Каролина го освоило нејзиното срце.
„Многу ни е убаво кога сме заедно во Битола, со Нико сум веќе четири месеци“, вели Каролина, несакајќи да открива повеќе детали за својата ромасна.
Кон крајот на минатото лето таа ја раскина својата долгогодишна врска со бизнисменот Јован Пановски, со кој требаше да застане и пред олтар.
Но, од свадбените ѕвона немаше ни трага ни глас, па затоа нашата Каролина, изјави дека не е никаква трагедија ако не се омажи.
„Не постои идеално време за брак. Ако се случи-се случи, а ако не ништо страшно. Сега се модерни времиња и би сакла да имам дете,а сопругот не е задолжителен“, рече по раскинувањето Гочева.

Extra Show -06.02.2012

hc

ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ СУЛТАН Шехерезад ќе ја засени Хурем во Величествениот?!?

ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ СУЛТАН
Шехерезад ќе ја засени Хурем во Величествениот?!?
Бергузар Корел се појавува во продолжението на серијата „Величествениот Султан“ во улога на госпоѓата Моника Тереза – убава и негувана европска дама која доаѓа на дворот на Султанот и ги остава жените од харемот во завист од нејзината блескава убавина!
Најпогодена ќе се најде Хурем кога Моника Тереза ќе ја покаже својата убавина пред Величествениот!
Бергузар Корел за оваа улога учи италијански јазик. Се појавува во серијата како добро пресметан потег на сценаристите, токму кога се појавија гласините дека Бергузар, во приватниот живот сопруга на Халид Ергенч, односно Величествениот Султан, станала љубоморна на убавата Хурем во која Султанот е смртно вљубен!
Така Бергузар гордо ќе настапи во хит серијата и уште повеќе ќе ја зголеми гледаноста на историската драма. Како Хурем ќе се справи со својата завист на убавината на Моника Тереза – гледајте во Величествениот Султан само на Канал 5!

Thursday, February 2, 2012

ТРАЧ

Резултатите од обдукцијата на Ејми се неважечки?!

Откриени е дека докторката која ги објави резултатите од обдукцијата не е квалификувана за таа работа, па и нејзините резултати сега се ставаат под знак прашалник.
Семејството сега бара совет од адвокат.
Извештајот на Сузан Гринвеј за причината за смртта на Ејми Вајнхаус би можело да се прогласи за неважечки.
Имено, како што пишуваат британските медиуми, Гринвеј не ги задоволувала сите услови потребни за извршување на функцијата на која ја поставил нејзиниот сопруг.
Во родната Австралија Сузан завршила медицинско улилиште и според британските закони таа треба да се преквалификува и пет години да помине работејќи во одредена лекарска ординација за да се стекне со предусловите за работа како патолог.
Овие услови таа не ги исполнила, па сега под знак прашање се доведуваат и сите случаи на кои таа работела, а еден од нив е и случајот со Ејми Вајнхаус.
Семејството на починатата пејачка побарала совет од адвокат во врска со новонастанатата ситуација, затоа што извештаите од обдукцијата на пејачката сега може да се прогласат за неважечки.