Познатиот брачен пар Beckham, одучиле оваа година божиќните празници да ги дочекаат во вистинска празнична идила. David и Victoria Beckham потрошиле околу 54.000 долари на шест божиќни елки и на празнични декорации, пишуваат американските медиуми. Парот изнајмил една лондонска продавница да им го декорира домот во пресрет на божиќните и новогодишните празници.

Victoria Beckham одлучила првиот Божиќ со нивната ќерка Harper да им биде посебен, па се одлучиле нивниот дом целосно да го украсат во духот на празниците.
„Victoria сакала се да биде најдобро и заминала да се договори околу декорацијата. Таа избрала само стаклени и сребрени украси, кои ќе се наоѓаат на сите шест елки во просторијата на нивната куќа, а исто така порачала и многу украси за нивниот ходник“, изјавил извор близок до парот.