Tuesday, January 31, 2012

Антонио Милошоски: Ако Рамиз Мерко е вистински муслимански верник, тогаш јас сум Капетан Немо

Антонио Милошоски: Ако Рамиз Мерко е вистински муслимански верник, тогаш јас сум Капетан Немо
Пратеникот на ВМРО - ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски на својот профил на Фејсбук напиша:
“Ако Рамиз Мерко е вистински муслимански верник и живее по прописите од Куранот, јас сум Капетан Немо и живеам според „20.000 милји под морето“.


Жените во Саудиска Арабија ќе можат да одат на фудбалски натпревари

31.01.2012 17:32



Жените во Саудиска Арабија ќе можат да одат на фудбалски натпревари
Саудиска Арабија наскоро ќе дозволи и жените да присуствуваат на фудбалски натпревари, објави државниот весник „Ал Шарк“.
Според весникот, Владата ја разгледува можноста да дозволи жени да присуствуваат на натпреварите на новиот стадиот, кој ќе биде завршен до 2014 година во градот Џеда на западниот брег на Црвеното Море.

Досега на жените во Саудиска Арабија им беше забрането да присуствуваат на натпревари во согласност со строгата политика на забрана на мешање на половите, но новиот стадион ќе има „семејни ложи“ со приватни кабини и балкони за жени, наведува весникот.

Овој чекор беше поздравен од голем број луѓе, но активстите за женски права и натаму бараат поголеми реформи и промени во оваа ултраконзервативна земја, каде жените дури минатата година добија дозвола да учествуваат нa локалните избори.

Меѓународните и локални групи за заштита на човековите права во регионот бараа од Саудиска Арабија да им даде поголеми права на жените во земјата, но Владата наместо навестување промени, неодамна почна да зборува за прашањето на жените. 

Во Европа 48 лица починале од студ

Минус 29 степени очекуваат жителите на Полска, а и во другите делови на Европа се очекува температурата да падне повеќе под нулата.

lad500
Во последните неколку дена од хипотермија во Украина умреле 30 лица, во Полска 15, во Романија 2, во Москва едно, а Атина стравува за илјадници бездомници кои немаат каде да се сокријат од студот кој наскоро ги очекува.
Невладините организации проценуваат дека во Атина има околу 20.000 бездомници, односно од 2009-та година бројката се зголемила за 25 отсто. Овие денови волонтери им делат кебиња и вреќи за спиење, а воедно им објаснуваат каде се наоѓаат домовите за бездомници во кои ќе можат да се згреат, пренесува АПТН.
Ниските температури и обилен снег во Истанбул направија хаос на улиците. Жителите на најголемиот турски град ваков лад не паметат 30 години наназад, кога термомерите се спуштиле на десет Целзјусови степени.
Аеродромот „Алатурк“ откажа 180 летови. Истанбулскиот кризен центар е на највисоко ниво на подготвеност.

Friday, January 27, 2012

Претседателот Иванов лепеше илјадарки на музичарите(Ексклузивни фотографии)

Претседателот Иванов на Плоштад им лепеше илјадарки на музичарите (ЕКСКЛУЗИВНА ФОТОГАЛЕРИЈА)

„Медал за заслуги за Македонија ќе добијат ракометарите на репрезентацијата!“, кратко и еуфорично изјави Ѓорге Иванов, претседателот на државата. Тој заедно со граѓаните го славеше историскиот успех на градскиот плоштад и притоа не жалеше да им залепи некоја илјадарка на музичарите. Фоторепортерот на К9 ја имаше ексклузивната можност да го овековечи овој настан.
Претседателот им донесе огромна среќа на ракометарите на ова првенство. Тој беше присутен во Белград кога Македонија ја победи Полска и си го отвори патот кон големиот успех. Иванов по тој меч беше ѕвезда и во фан-зоната во Белград, каде што се дружеше со навивачите што отпатуваа во српската престолнина за да ја бодрат нашата репрезентација.

Friday, January 20, 2012

Неговите арии во чест на Тоше

Утревечер во Македонската опера и балет, ќе се одржи четвртиот по ред концерт во чест на нашата музичка икона Тоше Проески.

tosence.jpg-240
Поинаков ќе биде овој од изминатите три, зашто песните на Тоше ќе прозвучат во нови, оперски аранжмани, утрешниот концерт повторно ќе ја сплоти неговата публика.
Концертот е насловен „Неговите арии“ и ќе го води диригентот Саша Николовски-Ѓумар, а ќе настапат  оперски солисти од Македонија, Србија, Словенија, Хрватска и од Бугарија, придружени од хорот „Про арс“, Оркестарот на МОБ и Бендот на Тоше.
Автори на новите аранжмани за оперски оркестар, хор и бенд се Сашо Николовски-Ѓумар, Сашко Николовски  и Дамир Имери. Учествуваат македонските оперски пејачи Ѓорѓи Цуцковски и Весна Ѓиновска-Илкова, српските Сања Керкез и Иван Томашев, Еделина К’нева од Бугарија, Иве Гамулин-Џани од Хрватска и Аленка Готар од Словенија, како и пијанистот Симон Трпчески и гитаристот Влатко Стефановски.
- Ова е нешто поинакво, а повторно прилега на Тоше и не беше туѓо за него. Операта беше негова голема љубов...и овој настан е невообичаен и ја отсликува  големината на Тоше различно од сите досегашни концерти... Тоше имаше многу фанови, дел од нив се љубители на операта, па овој настан е одлична можност за нив, рече на прес-конференција Андреј Николоски, претседател на Фондацијата „Тоше Проески“.
site.jpg-500
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека утрешниот концерт ќе открие уште еден сегмент од уметничката работа на Тоше -  неговата прва љубов - класичната музика.
- На концертот утре ќе ги слушнеме неговите песни со нови аранжмани, обработки од албумот „Божилак“ и неговите интерпретации на познати арии, со кои повторно ќе се потсетиме на моќта на неговиот вокал и на неговата харизма. Верувам дека концертот  ќе биде вистинско уживање за сите обожаватели и почитувачи на музиката на Тоше и дека ќе разбуди многу емоции, рече Канческа-Милевска. Таа нагласи дека Министерството ќе продолжи да го поддржува негувањето на ликот и делото на Тоше и најави промоција на монографија за него во април.  
Од учесниците на утрешниот концерт, на средбата со новинарите присуствуваа оперските певици Готар и Керкез. Аленка Готар, која има учествувано на првиот меморијален концерт, истакна дека е почестена од поканата зашто Тоше и бил личен пријател.
- Голема чест е што можам да бидам тука  од почит, љубов и пиетет кон Тоше. Ќе ја пеам песната  „Једина“ за нашиот единствен Тоше, рече Готар.
Сања Керкез истакна дека во изминатите 15 години често гостувала во МОБ, но првпат за ваков повод.
- Не сум пеела ништо освен опера и ова ќе биде голем предизвик, особено зашто бев голем фан на Тоше, чија музика е нешто специјално и, според мене, никогаш пред него и по него не е забележано на естрадата, рече Керкез. Таа ќе ја пее „Још увек сањам да смо заједно“, а во дует со тенорот Благој Нацоски - „Игри без граници“.
Организацијата на концертот чини околу 35 илјади евра, обезбедени од Фондацијата „Тоше Проески“ и од Министерството за култура. Во продажба се пуштени 600 влезници, колку што е капацитетот на МОБ. Влезницитечинат по 1.200 денари, а дел од приходот е наменет за опремување на Клиниката за детски болести.

Thursday, January 19, 2012

Распоред на натпреварите во Белград!!!

 РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ:
1. коло (21 јануари): Македонија–Данска, Полска-Шведска, Германија-Србија.
2. коло (23 јануари): Македонија-Полска, Данска-Германија, Србија-Шведска.
3. коло (25 јануари): Македонија-Србија,Полска-Германија, Данска-Шведска.
ТАБЕЛА: Србија 4, Германија 4, Полска 2, Македонија 1, Шведска 1, Данска 0.

Лазаров:Ве молам без еуфорија сега!!!

Лазаров: Ве молам, без еуфорија сега

Капитенот Кире Лазаров беше пресреќен на крајот од средбата, но покажа и смиреност повикувајќи да не се создава еуфорија во јавноста.
„Можеби резултатот не кажува така, но ова беше тежок меч за нас. Исто така, ова е и огромен успех. Не само што ја добивме Чешка, туку и против Шведска и против Германија покажавме дека можеме да им парираме. Ме радува нешто друго – не се посрамотивме ниту еднаш, игравме како голема репрезентација, и тоа трет меч по ред. Можеби забележавте, на сите три натпревари досега играчот на мечот беше од нашиот табор, со Шведска – Алушовски, со Германија – Стоилов, а вечерва – Миркуловски. Се надевам дека така ќе продолжиме понатаму – да се редиме еден по еден. За идните натпревари не сакам да губиме глава, мора да се средиме во мислите, да не се залетуваме како во Задар, кога цела Македонија дојде да нè бодри и се посрамотивме. Тоа беше лошо искуство. Битно е да се смириме, да сме здрави и живи, машки да се бориме и понатаму, да играме како што треба, да знаеме што сакаме и гарантирам дека ќе има уште радости. Но предупредувам, најдобро е да одиме без еуфорија“, вели големиот Кире.

Миркуловски:Победуваме кога е најпотребно и најтешко!!!

Миркуловски: Победуваме кога е најтешко и кога е најпотребно

Плејмејкерот на Металург, Филип Мирковски, беше прогласен за најдобар играч на мечот против Чешка, одигрувајќи еден од најдобрите мечеви во репрезентативниот дрес.
„Ова беше најтежок меч за нас на првенството, зашто моравме да победиме. Но докажавме дека сме и психолошки и физички подготвени да се носиме со сите, дури со најсилните. Ние сме таков тим, победуваме кога е најтешко и кога е најпотребно. Жал ми е што одиме понатаму со само еден бод, требаше да пренесеме повеќе, но сметам дека тоа ќе го надополниме во Белград, бодрени од нашата армија верни навивачи“, изјави Миркуловски.

Почнуваме со Данска завршуваме со Србија!!!

Почнуваме со Данска, завршуваме со Србија

Македонската ракометна репрезентација ќе има само еден ден одмор пред продолжувањето на настапите во вториот круг од Европското првенство (ЕП), каде што сме во група заедно со Германија, Шведска, како и Србија, Полска и Данска.
Македонските херои, предводени од феноменалниот Кире Лазаров, првата пресметка ќе ја имаат задутре, кога во белградска „Арена“ ќе ги одмериме силите со селекцијата на Данска, која, крајно неочекувано, во оваа фаза доаѓа без ниту еден бод. В понеделник противник ќе ни биде Полска, еден од најголемите конкуренти за висок пласман, но и за обезбедување место во дополнителните квалификации за ЛОИ 2012 во Лондон. Полјаците стартуваат со еден бод повеќе од нас, што им дава мала, но значителна предност во овој дел од шампионатот.
Втората фаза по групи ја завршуваме со пресметка со домаќинот Србија, која доминираше на мечевите што од првиот круг се играа во белградската сала „Пионир“. Без разлика на нивното вечерашно реми со Словачка, тие во новоформираната група влегуваат како лидери, секако заедно со Германија, со максимални четири бода.
 РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ:
1. коло (21 јануари): Македонија–Данска, Полска-Шведска, Германија-Србија.
2. коло (23 јануари): Македонија-Полска, Данска-Германија, Србија-Шведска.
3. коло (25 јануари): Македонија-Србија,Полска-Германија, Данска-Шведска.
ТАБЕЛА: Србија 4, Германија 4, Полска 2, Македонија 1, Шведска 1, Данска 0.